Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти
- Манчестер сити е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред Џек Грилиш, објавува „Гардијан“.
Манчестер, 14 јуни 2025 (МИА) - Манчестер сити е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред Џек Грилиш, објавува „Гардијан“.
„Граѓаните“ сакаат да добијат околу 50 милиони фунти од продажбата на 29-годишниот Британец. Засега нема понуди за играчот од средниот ред. Се разгледува и позајмица. Интерес за играчот претходно објавија Наполи, Евертон и Баер.
Манчестер сити не го вклучи Грилиш во ростерот за Светското клупско првенство, кое утре започнува во САД.
Минатата сезона Грилиш на 32 натпревари, постигна три гола и пет асистенции. Неговиот договор со Манчестер сити важи до летото 2027 година. зс/
Фото: ЕПА