• четврток, 04 декември 2025

Пропадна трансферот на Родриго од Реал во Арсенал

Пропадна трансферот на Родриго од Реал во Арсенал

Мадрид, 14 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, нема да се пресели во Арсенал, и покрај интересот од лондонскиот клуб. 

Фудбалерот одлучи да се бори за место во почетниот состав на „Кралевите“, објавува „ Football Insider“.

Бразилецот е незадоволен од минутажата добиена минатата сезона, но е оптимист по доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо и се надева дека ќе соработува со него.

Минатата сезона, Родриго учествуваше во 51 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 10 асистенции. Неговиот договор со Реал Мадрид важи до летото 2028 година. 

Пазарната вредност на фудбалерот, според „Трансфермаркт“ е 90 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан