Ал-Наср во преговори со Спалети
- Ал-Наср е во преговори со поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети.
Ријад, 14 јуни 2025 (МИА) - Ал-Наср е во преговори со поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети.
Според новинарот Алфредо Педула, саудискиот клуб му понудил на 66-годишниот Италијанец двегодишен договор со плата од 18 милиони евра. Тренерот сè уште не одговорил.
На 8 јуни стана познато дека Спалети е отпуштен од функцијата селектор на италијанската репрезентација. Фудбалскиот стручњак ја водеше репрезентацијата од 2023 година.
Претходно, тој работеше и со Наполи, Интер, Рома, Зенит и други клубови.
Во март се појави информација дека главниот тренер на Ал-Наср, Стефано Пиоли, би можел да го напушти клубот поради несогласувања со Кристијано Роналдо. зс/
Фото: ЕПА