• петок, 17 мај 2024

Пратеничката Моника Зајкова ќе учествува на Медитеранската конференција ОБСЕ 2022

Пратеничката Моника Зајкова ќе учествува на Медитеранската конференција ОБСЕ 2022
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Пратеничката Моника Зајкова на 24. и 25. месецов, во Јордан ќе учествува на Медитеранската конференција ОБСЕ 2022 за унапредување на безбедноста и соработката во Медитеранот преку поттикнување на дијалогот за соработка меѓу медитеранските партнери на ОБСЕ. Со оваа конференција во 2022 година претседава Република Северна Македонија и претставува значајна платформа за партнерство меѓу ОБСЕ и земјите од Медитеранот, т.е. земјите од Северна Африка и Блискиот исток. Како што соопшти Собранието на РСМ, пратеничката Зајкова ќе биде воведничар на една од сесиите на конференцијата и ќе има обраќање за „Унапредувањето на безбедноста и соработката во Медитеранот: улогата на младите“. Оваа значајна активност за нашата земја е во функција на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. ев/лв/

Остани поврзан