• сабота, 18 мај 2024

ПП Левица: Кај поранешната фабрика „Tреска" се гради по истечен ДУП

ПП Левица: Кај поранешната фабрика „Tреска

Скопје, 17 октомври 2023

 

Четирите барања за издавање градежни дозволи на спорниот имот на бившата фабрика Треска поднесени во Општина Центар – се Демоклов меч над Градоначалникот на Центар, Герасимовски.

Наместо гласање нов ДУП, кој ќе биде скроен по мерка и потреба на граѓаните (зашто сегашниот ДУП е веќе застарен), градоначалникот Герасимовски тактички не дејствува, што оди во корист на градежниците кои ќе се офајдат од астрономските цени за станбен и деловен простор во најбогатата општина во Скопје. Истата Општина - која нема средства да покрие дневен престој на учениците од 9 годинки во ниедно свое основно училиште.

Тројцата советници од Левица во Центар, побараа од службите на Општината информација дали е побарано и издадено барање за одобрение за градење, каде што добија негативен одоговор. Значи или некој гради без правосилна дозвола, при што инспекцијата затаила, или некој безочно лаже!

Наместо Герасимовски да иницира нов ДУП, медиумите објавија дека во април е издадено првото решение за градење, од кое ќе се офајдат компаниите ,,Голден арт" и ,,Мега акустик". За овој простор, се води истрага за можен криминал при денационализацијата, криминал од сериозни размери со кој се оштетени како стечајците, така и општината!

Јасно е дека и СДС и ДПМНЕ работат единствено за профитот на градежната мафија, на штета на сите граѓани на општина Центар.

Со почит,

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан