• вторник, 05 ноември 2024

Постара жена од БиХ починала во болница, полицијата го привела нејзиниот син

Постара жена од БиХ починала во болница, полицијата го привела нејзиниот син

Охрид, 10 февруари 2024 (МИА) – Полицијата во Охрид привела лице со државјанство од Босна и Херцеговина, чија мајка починала во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Според полициското соопштение,вчера околу 10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека рано изутрината околу  еден часот во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Службата за итна медицинска помош била донесена Р.Б.(78), во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, БиХ.

Според пријавеното, непосредно потоа Н.Б. ја напуштил болницата, додека Р.Б. набрзо починала. Лицето Н.Б. било пронајдено на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишено од слобода.

Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. аб/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан