• петок, 06 декември 2024

Нова инфраструктурна инвестиција во Македонска Каменица

Нова инфраструктурна инвестиција во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 4 ноември 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица денеска започна  нова инфраструктурна инвестиција во село Моштица, за изградба на фекална канализација за дел од село Моштица и Крак 3 во Македонска Каменица.

Проектот, како што информираше градоначалникот Димчо Атанасовски, опфаќа изградба на главни канализациони линии во должина од 3500 метри.

- Исто така проектот опфаќа изградба на главен колектор за поврзување на истите со постоечката градска фекална канализација.Оваа инвестиција не само што е значајна за заштита на животната средина, туку и придонесува за зголемување на хигиената во овие наши приградски и рурални населени места, истакна Атанасовски.

Со реализацијата на овој проект и предвидената изградба на Крак 2 до маало Бабанец, со должина од 2500 метри во следната 2025 година, трајно ги решава проблемите на жителите од овие места.

- Со тоа ја приближуваме нашата општина кон повисоки европски стандарди за живеење. Драги сограѓани, ве уверувам дека ќе продолжиме со посветено работење за континуирано подобрување на условите за живеење на сите наши граѓани во секое населено место! Заедно со вас градиме подобра иднина за Македонска Каменица, додаде Атанасовски во обраќањето по повод започнувањето на активноста.

Проектот е финансиран со средства од општинскиот буџет во висина од 4.603.176,90 денари. Со истиот, како што напомена каменичкиот градоначалник, остварена е заштеда од приближно 600.000 денари, средства кои ќе бидат насочени кон други важни проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од останатите рурални средини. вс/цр


Фото: Општина М.Каменица

Остани поврзан