Во штипското село Пиперово пронајден маж со прострелна рана
- Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.

Штип, 4 ноември 2024 (МИА) - Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.
Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот, а во моментов во тек е увид на лице место од страна на полицијата и јавен обвинител.
Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден. Телото на починатиот ќе се предаде на обдукција. вдј/цр
Фото: МИА