Полициска акција во угостителски објект во Охрид
- Припадници на специјалните полициски сили и на Одделот за борба против наркотици утрово спроведуваат акција во угостителски објект што се наоѓа на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Охрид, 17 октомври 2024 (МИА) – Припадници на специјалните полициски сили и на Одделот за борба против наркотици утрово спроведуваат акција во угостителски објект што се наоѓа на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Полициските екипи се на лице место, но не е познато за каква акција се работи и што е предмет на претресот.
Според непотврдени информации, станува збор за претрес со потрага по наркотични средства оттаму што во претресот за ангажирани и полициски кучиња, но не е исклучено да се работи и за акција за контрола на лица бидејќи се работи за oбјект во кој работи стриптиз-бар каде се постојано ангажирани странски лица. аб/дма/
фото: МИА