• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Одбојкарите на Штип УГД на прием кај штипскиот градоначалник

Одбојкарите на Штип УГД на прием кај штипскиот градоначалник

Штип, 16 април 2025 (МИА) - Одбојкарите на Штип УГД  ја одбранија Куп титулата. Штипските одбојкари  беа подобри со 3-0 во сетови од Струмица во големото финале кое се играше во Радовиш.

Одбојкарите на Штип УГД денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој лично им го честиташе овој голем успех и им посака многу среќа и успех за финалното соочување со Струмица во првенството со надеж дека Штип УГД ќе ја освои двојната круна, што ќе биде нов огромен успех за одбојката во Штип.

-На мое огромно задоволство денес остварив средба со претставници на клубот, раководството на одбојкарскиот клуб Штип УГД, со играчите коишто втора година по ред не’ израдуваа сите нас како граѓани на општина Штип, ја израдуваа македонската јавност со резултатот победата во финалето и освојувањето по вторпат на Купот на Македонија во одбојка. Навистина огромно е задоволството, изјави Јорданов.

Локалната самоуправа ќе продолжи со силна поддршка за одбојкарскиот клуб Штип УГД и во иднина.

-Она кое сакам да го проследам во јавноста го искомунициравме, поразгоравме со целиот тим е дека како локална самоуправа ќе продолжиме со силна поддршка на ОК Штип УГД кој што го заслужува и го потврдува ова, да им посакам веќе во периодот кој што следи деновите кои што следат затоа што влегуваме во завршница од првенството, рече Јорданов.

Тенерот на Штип УГД, Кристиан Ристески се заблагодари за приемот кај градоначалникот, но и за соработката и поддршката која клубот ја добива од општината.

-Би сакал пред се да искажам огромна благодарност во име на целата екипа на целиот тим на Штип УГД, за овој прием од страна на Општина Штип и градоначалникот, за целата поддршка за изминатите две три години ни ја дава општината посебно оваа година, каде што целиме кон нова историја својување на таа двојна титула. Се надевам на успешна соработка и во иднина со цел продолжување на сонот на идните генерации кои што овој клуб ги носи и треба да ги донесе, изјави Ристески.

Клубот му врачи плакети на градоначалникот Иван Јорданов во знак благодарност и за поддршката која ја добива од општината, како и на Никола Мицевски кој е поранешен меѓународен одбојкарски судија.

Штип УГД оди по нова историја против Струмица која е бранител на шампионската титула, а финалето на плеј-офот се игра во три добиени натпревари и стартува на 25 април во Штип. вдј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан