Во Кавадарци превентивна акција за поголема безбедност во сообраќајот
- Превентивна акција за поголема безбедност во сообраќајот, се реализираше денеска во Кавадарци, на крстосницата во центарот на градот. Активностите беа спроведени од страна на членови на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ОСБСП, полициско одделение за безбедност во патниот сообраќај и ученици од средното училиште ,,Ѓорче Петров".

Кавадарци, 16 април 2025 (МИА) - Превентивна акција за поголема безбедност во сообраќајот, се реализираше денеска во Кавадарци, на крстосницата во центарот на градот. Активностите беа спроведени од страна на членови на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ОСБСП, полициско одделение за безбедност во патниот сообраќај и ученици од средното училиште ,,Ѓорче Петров".
- Спроведовме превентивна акција за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот .Од страна на учениците и сообраќајните полицајци, на пешаците им беа делени флаери и брошури со превентивни пораки, појаснија организаторите на настанот.
Притоа упатија пораки, ,,Не заборавајте сите сме пешаци", ,,Бидете одговорни во сообраќајот" и ,,Одговорно пред пешачки премин, секогаш погледни, намали и застани". свд/
Фото: Фејсбук на ОСБСП