Делегација од Општина Берово во посета на Општина Раденци, Словенија
- Делегација од Општина Берово со градоначалникот Звонко Пекевски се наоѓа во Словенија каде присуствува на одбележувањето на Денот на Општина Раденци.

Берово, 21 јуни 2025 (МИА) - Делегација од Општина Берово со градоначалникот Звонко Пекевски се наоѓа во Словенија каде присуствува на одбележувањето на Денот на Општина Раденци.
По тој повод Пекевски оствари средба со градоначалникот на оваа Општина, Роман Лељак со кој разговарале за реализација на заеднички проекти и продлабочување на соработката во повеќе области.
-Навистина е чест и задоволство, да се гледа постигнувањето и напредокот на оваа мала општина, а престојот и гостопримливоста се на врвно ниво. Разменуваме искуства, споделуваме идеи и градиме трајни мостови на пријателство со Општина Раденци, информира Пекевски.
Во рамки на посетата, заедно со делегацијата од Општина Берово се и претставници на КУД „Димитар Беровски".
-Тие имаа извонредно прекрасен настап во Раденци. Заедно веќе подолго време се во културна соработка со КУД „Јанко Дивјак", кои пак беа наши гости за време на минатогодишниот ЕТНО Плоштад Фестивал, додаде Пекевски.
Посетата како што дополни градоначалникот на Берово продолжува и во текот на утрешниот ден. вс/вј/
Фото: МИА