Арсовска на хакатон на СЕ посветена на спротивставување на дезинформациите, заштита на слободата на говорот и зајакнување на демократската отпорност во време на забрзана дигитализација
- СООПШТЕНИЕ: Советот на Европа обедини иноватори, активисти, креатори на политики и креативци на хакатон со цел заедничко дизајнирање практични, напредни решенија за спротивставување на дезинформациите, заштита на слободата на говорот и зајакнување на демократската отпорност во време на забрзана дигитализација.

21 јуни 2025
Советот на Европа обедини иноватори, активисти, креатори на политики и креативци на хакатон со цел заедничко дизајнирање практични, напредни решенија за спротивставување на дезинформациите, заштита на слободата на говорот и зајакнување на демократската отпорност во време на забрзана дигитализација.
Овој настан на високо ниво беше отворен со обраќање на Ален Берсе, генералниот секретар на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и Данела Арсовска, портпарол на Конгресот на Советот на Европа за етика и спречување на корупција.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе потенцираше дека за него, заштитата на демократијата значи да може да ги погледне сите во очи и да им каже дека тој не молчел пред неправда!
Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, забележа дека онлајн дезинформациите се една од најголемите закани за демократијата денес. Тие ја еродираат довербата, ја поттикнуваат поларизацијата и ги искривуваат перцепциите.
Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје и портпарол на Конгресот на Советот на Европа за етика и спречување на корупцијата, нагласи дека дезинформациите засновани на пол ја искривуваат реалноста со цел да се поткопа нивното демократско учество. Намерата и ефектот се да се дискредитираат, обесхрабрат и дискриминираат жените за да бидат помалку вклучени во јавниот живот. Затоа Советот на Европа разгледува на повеќе нивоа стратегија за борба против дезинформациите и заштита на интегритетот.
Онлајн дезинформациите се една од најголемите закани за демократијата денес. Тие ја еродираат довербата, ја поттикнуваат поларизацијата и ги искривуваат перцепциите. Советот на Европа ги повика креативните умови да дизајнираат смели, решенија со кои се разоткриваат мрежите за дезинформации, се подобрува транспарентноста во алгоритмите за модерирање на содржини, се зголемува пристапот до сигурни информации.
11 креативни тимови на млади од Европа, направија дигитални алатки, едукативни платформи и иновации, а победник на хакатонот е тимот од Италија The Fact-Checking Foxes, чија нова дигитална платформа нуди инстант проверка на вистинитост на информации.
Фото: Град Скопје
Одделение за односи со јавност , Град Скопје
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.