• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изложба на ракотворби во Домот за култура „Иван Мазов - Климе" во Кавадарци

Изложба на ракотворби во Домот за култура „Иван Мазов - Климе

Кавадарци, 16 април 2025 (МИА) - Изложба на ракотворби беше отворена вечерва во Дом на култура „Иван Мазов - Климе" во Кавадарци, во соработка со здруженија, физички лица, пензионерки, ученици и слично.

Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова, појасни дека на изложбата се претставени велигденски ракотворби изработени од вештите раце на овие учесници. Меѓу нив и изработки од ученици и пензионери, изработки од филиграни, како и традиционалната облека како обичај за облекување на празникот Велигден. 

- Оваа вечер во нашата галерија имаме неколку поставки во кои ни се претставени обичаите и припремите во деновите пред самиот празник Велигден, истакна Туриманџова.

Таа додаде дека боењето и украсувањето на јајцата е одраз на личната креативност, внимание и љубов.

Притоа ги честита празниците и посака добро здравје и љубов за сите. свд/ ра

Фото: МИА

Остани поврзан