• среда, 15 април 2026

Филипче: Со поскапувањата, ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата

Филипче: Со поскапувањата, ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата

Скопје, 26 март 2026

Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства, се вели во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

„Треба да се најде механизам да им се помогне на граѓаните. 400 евра беше ниска минимална плата,граѓаните не можеа крај со крај да врзат и пред кризата да почне и пред да се зголеми за 34 % литар гориво, а не па сега, сега ни 600 евра не се доволно да се надмине кризата. Граѓаните сакаат да видат дека Владата води грижа за нив, чекаат мерки, а не измислување изговори“, рече Филипче.

Притоа Филипче посочи дека уште кога СДСМ го даде предлогот за 600 евра минимална плата, јасно кажа од каде треба да се обезбедат средствата, од кои буџетски ставки да се крати.

„Кога го дадовме предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, кажавме од каде треба да се земат пари. Точно кажавме од кои ставки треба да се скрати, тоа се две ставки, кои се однесуваат само на луксузирањето на оваа Влада за да се зголеми платата и ја направивме пресметката. Има две ставки во буџетот од кои може да се намалат пари за да се зголеми минималната плата“, нагласи Филипче.

Сите демократски столбови на државата се минирани од актуелната власт

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека демократските столбови на државата се минирани од актуелната власт, која има целосна контрола над судството и Обвинителството, а роднини и пријатели се поставуваат на клучни позиции како обвинители и судии.

„Нашите предлози никој не ги прифаќал од власта. Таква е ситуацијата во парламентот. Се поставува прашањето како треба да се однесува една ваква власт, која има огромно мнозинство во парламентот. Дали треба да се партизира сè по секоја основа? Првите работи што ги направија беа да ги сменат независните комисии со промена на некои закони. Има млитава Комисија за спречување корупција, сега има најава за поставување луѓе блиски лично до премиерот, како директор на МРТВ. Имаме резолуции во парламентот, кои го ограничуваат она што позицијата може да го зборува. Замислете како демократските основни столбови во државата се практично минирани од оваа власт, која нема друго објаснување, освен дека има апсолутистички манири на владеење“, додаде Филипче.

Тој нагласи дека процесот на партизација се одвива континуирано откога ДПМНЕ е на власт.

„Тоа беше уште во 2024 година. Ги партизираат сите институции, поставуваат несоодветни луѓе на највисоките позиции во безбедносните служби, со сомнителни сертификати, злоупотребуваат механизми на полицијата. За време на изборите во 2025 година видовме целосна партизација на институциите, неспроведување на реформите во ниеден сектор, а во некои сектори делумно, и тоа не по препораките на Европската Унија“, појасни Филипче.

Филипче: Членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, укажа на економската и стратешката корист од членството во Европската Унија, потенцирајќи дека членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра.

„Во кој сектор, во која сфера има прогрес кај нас? Има ли раст на платите, се гради ли инфраструктура, зајакнува ли правосудството, образованието, здравството, социјалниот систем? Земјите што се членки, како Шпанија и Романија, се трансформирале со европските фондови. Романија, од почетокот на преговорите, добила неповратни грантови од 100 милиони евра, а ние можеме да добиеме и до 40 милијарди евра со членството,“ рече Филипче на гостувањето во емисијата „Топ тема“  на Телма.

Тој посочи дека од 2013 до 2024 година, помошта за западниот Балкан била приближно 6 милијарди евра, додека Бугарија и Хрватска обезбедиле по 40 милијарди неповратни средства за инфраструктурни и реформски проекти.

„Тоа е бенефитот. Кај сакаат нашите луѓе да живеат , сигурно не сакаат да живеат во земја којашто е на периферија на Европа слепо црево на Балканот под влијание на Унгарија и на Србија. Не сакаат луѓето  и треба на престане, премиерот и власта да ја замајуваат јавноста со овие чекори коишто се на маса загрозен е националниот идентитет. Тоа не е вистина. Ние може да стравуваме дека со таков ризик ќе се соочиме во иднина од страна на Бугарија, ама ако седиме сите на маса. ако ги правиме реформите како што треба тогаш никој никогаш нема да може да не запре за ништо, посочи Филипче.

Филипче: Нападите врз СДСМ одвнатре се во интерес на ВМРО

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма рече дека нападите врз СДСМ одвнаре се во интерес на ВМРО и потенцираше дека во време кога СДСМ ја разобличува криминалната власт нема да дозволи да се фрагментира партијата заради лични интереси на поединци.

„Ќе покажам апсолутно цврст став да ви кажам и да знаат сите. Јас нема да дозволам да се фрагментира партијата заради лични причини по примерот на ЗНАМ.  Еве што е тоа што на некој му сметало во нашите политики. Затоа што ако нас не елиминираат во оваа борба тешка со ВМРО-ДПМНЕ каде што имаат ставено капа на буквално секоја институција.  Ја партизираа до максимум ја држат државата по страна од европскиот пат и ја пљачкаат на секој ниво зашто вадиме скандали секој ден па некој да тргне по нас извинете тоа е само знак дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ. Што направи движењето ЗНАМ еве што направи? Не можам да дозволам јас да доаѓаат луѓе коишто се стимулирани и пратени од ВМРО-ДПМНЕ. Излегуваат на Орбановите медиуми коишто нас сакаат да не ослабат дополнително поради тоа што само со фрагментиран СДСМ ова слабо и се послаба ВМРО-ДПМНЕ може да владее. Јас тоа нема да го дозволам. “ рече Филипче.

Секој конструктивен е добредојден а овие злонамерници коишто сакаат да не делат само во интерес на ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат ваква судбина, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче: Државата се пљачка на секое ниво – секојдневно вадиме скандали за власта

ВМРО има ставено капа на буквално секоја институција. Ја партизираа до максимум, ја држат државата по страна од европскиот пат и ја пљачкаат на секое ниво, ние секојдневно вадиме скандали, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Тој истакна дека државата се соочува со сериозна партизација и корупција на сите нивоа, а ваквата состојба создава притисок врз опозицијата и обиди за нејзино слабеење.

„Се бориме во тешка политичка ситуација со власт со авторитарни тенденции, која финансиски ги има окупирано институциите и не излегува во пресрет на барањата на граѓаните. Има обид за ситнење на СДСМ, со цел ВМРО да ги продолжат бизнисите и да ја водат државата на ваков начин. Ете тоа е суштината, јас тоа не го дозволувам. Ние имаме чесни намери ова искрена борба. Со искрена и чесна работа ќе ја сузбиеме корупцијата на секое ниво. Затоа што нашиот народ сега е научен дека треба подмити за да нешто се заврши. Тоа ние мораме да го искорениме и има механизми како., рече Филипче.

СДСМ

Остани поврзан