• недела, 05 мај 2024

Повредени двајца полицајци при обид да се ограби фирма во Бразил

Повредени двајца полицајци при обид да се ограби фирма во Бразил
Бразилија, 18 април 2022 (МИА) - Вооружени лица утрово предизвикаа страв кај населението во јужниот бразилски град Гуарапуава, при обид да ограбат фирма за обезбедување, јави Би-Би-Си. Жители пријавија пукање со пиштол, а објавени се и видеа, каде се гледа како граѓани се користени како човечки штитови, додека вооружените лица бегаат.

Повредени се двајца полицајци. Големите грабежи на банки од тешко вооружени банди во Бразил, станаа сè почести и сè понасилни изминативе години, пишува Би-Би-Си. Засега нема информации дали крадците успеале да си заминат со пари. бд/ссм/

Остани поврзан