• сабота, 18 мај 2024

Плажата Хокаидо во Јапонија - несекојдневен спој од море, песок и снег

Плажата Хокаидо во Јапонија - несекојдневен спој од море, песок и снег

Токио, 12 јануари 2023 (МИА) - Многумина се прашуваат дали повеќе сакаат плажа и море, или снег?... Има едно место коешто, на некој начин, ги нуди и двете. Се работи за плажата Хокаидо во Јапонија.

Светскиот геопарк под заштита на УНЕСКО, Сан'ин Кајган, од којшто плажата е дел, се протега од западниот брег на Тотори до источниот 'рт Ќогамисаки во Кјото. Во овој геопарк има бројни геолошки особености поврзани со развојот на Јапонското Море, како и долини, песочни дини, песочни шипки, вулкански карпи, но и плажи кои наликуваат на реки.

Таа комбинација од море, песок и снег стана хит на интернет, па многумина рекоа дека сликата ги инспирирала да патуваат и да го истражат светот.  си/

Остани поврзан