• среда, 28 август 2024

Пет лица загинаа во најновите руски напади врз Украина

Пет лица загинаа во најновите руски напади врз Украина

Киев, 27 август 2024 (МИА) - Смртниот биланс од руските ноќни напади врз Украина се искачи на пет лица, откако уште една личност им подлегна на повредите.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека четири лица загинале, а 16 биле повредени.

Според зборовите на претседателот на регионалната управа во Запорожје, постара жена починала во болница откако претрпела „тешки изгореници“.

„Лекарите се бореа неколку часа за нејзиниот живот“, рече Иван Федоров, „но не успеаја да ја спасат.“

Освен трите лица кои загинале во Запорожје, уште две лица биле убиени по нападите во централниот град Кривиј Рих, соопштија официјалните лица.ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан