• сабота, 21 декември 2024

Дачиќ: Во Србија активни околу 200 пожари

Дачиќ: Во Србија активни околу 200 пожари

Белград, 27 август 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, денеска за време на обиколката на областа зафатена од пожар на Стара Планина, кој го гаснат припадниците на Секторот за вонредни ситуации со помош на припадници на Хеликоптерската единица на МВР, изјави дека во претходните 24 часа во Србија биле изгаснати 159 пожари.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Дачиќ изјавил дека моментално во Србија се активни околу 200 пожари.

„Се наоѓаме на Стара Планина, поточно на Видлич, селата Басара и Крупац, каде што моментално е жариштето на голем пожар кој зафати повеќе од 2.500 хектари. Сите наши единици дојдоа овде за да помогнат, заедно со припадниците на другите специјализирани државни органи, Србијашума, и специјализираната единица за цивилна заштита“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека се претпоставува дека причината за пожарот бил гром,  кој потоа брзо се проширил. Огнот се шири брзо, суво е, и се појавува ветер кој понекогаш дува со скоро нефатлива брзина“, додаде Дачиќ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан