• среда, 05 март 2025

Орбан: Постои трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД

Орбан: Постои трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД

Будимпешта, 5 март 2025 (МИА) – Постои стратешка поделба, трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД за време на претседателот Доналд Трамп, објави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на платформата Икс објави дека „постои стратешка поделба, трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД за мандатот на претседателот Доналд Трамп“.

Тој истакна дека „едната страна инсистира на продолжување на војната во Украина, додека другата бара крај на конфликтот. Унгарија останува цврсто посветена на мирот, посочи Орбан.

Унгарскиот премиер пред неколку дена, по Самитот за Украина во Лондон, наведе дека европските лидери одлучиле дека сакаат да продолжат со војната наместо да се определат за мир. ми/

фоот: ЕПА

Остани поврзан