Пелегрини и Павел: Односите меѓу Словачка и Чешка не треба да бидат водени од емоции
- Словачкиот претседател Петер Пелегрини и чешкиот претседател Петр Павел во текот на денешниот разговор се согласија дека односите меѓу двете земји не треба премногу да бидат водени од емоции и од дневнополитички случувања.

Брно, 5 март 2025 (МИА) – Словачкиот претседател Петер Пелегрини и чешкиот претседател Петр Павел во текот на денешниот разговор се согласија дека односите меѓу двете земји не треба премногу да бидат водени од емоции и од дневнополитички случувања.
Пелегрини побарал од Павел за време на разговорот во замокот Славков кај Брно во Чешка да интервенира поради, како што рече, негативното претставување на Словачка во чешките медиуми.
„Би ги замолил луѓето во Чешка и Словачка да не дозволат да бидат под влијание на какви било политички случувања“, истакна Пелегрини.
Тој посочи дека тоа е неопходно поради тоа што секоја влада и во Чешка и во Словачка претставува само кратка епизода во животот на луѓето и поради тоа што ситуацијата може да се промени по изборите. рп/
Фото: ЕПА