Си-Ен-Ен: Трамп разговараше со Трудо
- Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо, јави Си-Ен-Ен, цитирајќи двајца неименувани официјални претставници на Белата куќа.

Вашингтон, 5 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо, јави Си-Ен-Ен, цитирајќи двајца неименувани официјални претставници на Белата куќа.
Разговорот меѓу лидерите се одржа откако Трамп завчера воведе општи царини од 25 отсто за Канада.
Како одговор, Трудо рече дека веднаш ќе воведе царина од 25 отсто за стоки во вредност од 20,7 милијарди долари, по што ќе следуваат дополнителни 86,2 милијарди долари за 21 ден.
Трамп завчера на својата социјална мрежа Truth Social му порача на Трудо дека дополнително ќе ги зголеми американските царини за Канада.
„Ве молиме објаснете му на гувернерот Трудо од Канада дека кога ќе воведе возвратна тарифа за САД, нашата реципрочна тарифа веднаш ќе се зголеми за истиот износ“, напиша Трамп. рп/
Фото: ЕПА