• четврток, 06 март 2025

Јермак: Состанок меѓу украински и американски претставници ќе се одржи „во блиска иднина“

Јермак: Состанок меѓу украински и американски претставници ќе се одржи „во блиска иднина“

Киев, 5 март 2025 (МИА) - Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска соопшти дека во телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајкл Волц, закажал состанок меѓу украински и американски претставници што ќе се одржи „во блиска иднина“.

„Имав телефонски разговор со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Мајкл Волц, за следните чекори кон праведен и траен мир“, напиша Јермак на платформата Икс.

Тој додаде дека со Волц размениле мислења за безбедносни прашања и усогласување на позициите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и САД.

„Закажавме состанок на нашите тимови во блиска иднина за да продолжиме со оваа важна работа“, додаде Јермак. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан