• понеделник, 20 мај 2024

Од 1 октомври паркирањето на јавните паркиралишта низ Охрид ќе чини 30 денари за час

Од 1 октомври паркирањето на јавните паркиралишта низ Охрид ќе чини 30 денари за час

Охрид, 29 септември 2023 (МИА) – Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори на Општина Охрид, од 1 октомври цената на паркирањето возила низ Охрид ќе изнесува 30 денари за час.

Таа цена ќе важи за сите зони низ градот за сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини извори“,  вклучувајќи ја и премиум-зоната во центарот на градот каде во летниот период чес паркирање се наплаќаше по сто денари.

Новата цена на паркирањето ќе биде на сила до 1 март наредната година. аб/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан