Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
- Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
![Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја](https://mia.mk/images/20240519094244_big_730x400_44.webp )
Скопје, 19 мај 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК - Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров. дма/
Фото: МИА архива