• четврток, 25 април 2024

Од утре целосно затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад и Штип-Југ

Од утре целосно затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад и Штип-Југ
Скопје, 20 јули 2021 (МИА) - Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека од утре целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад и Штип-Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ. Според АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и на ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подлги задржувања. сст/дма/    

Остани поврзан