• четврток, 02 мај 2024
МИА Најави МКД

25 април 2024

Скопје – Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на свечена церемонија по повод донацијата од Кралството Норвешка за Армијата на Северна Македонија. (касарна „Илинден“/ 11:00)

Скопје – Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска ќе го посети објектот на Турскиот театар, каде ќе направи увид во градежните работи реализирани во 2023 година и ќе ја најави новата инвестиција за тековната 2024 година. (09:00)

Скопје – Прес-конференција на Меѓународните набљудувачи на изборите (ОБСЕ/ОДИХР и ПССЕ).  (х. „Александар Палас“/15:00)

Скопје – Трет национален настан за доделување на грантови во Северна Македонија. (Стопанска комора на Северна Македонија, изјави за медиумите/11:40)

Бурса – Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара во соработка со Трговската и Индустриска Комора на Бурса организира економски промотивен настан пред претставници на компании во Бурса. (простории на Трговската и Индустриската комора на Бурса/14:30-16:30, 13:30-15:30 по македонско време)

Скопје – Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување - МИР организира промотивна конференција за прекуграничниот проект „Премостување на родовиот и возрасниот јаз на пазарот на труд преку градење капацитети и промовирање на нови можности за вработување во прекуграничниот регион (ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места)“. (Центар за култура „Ѓорче Петров“/11:00)

Скопје – Научна конференција „Научен и публицистички интегритет во биомедицината по повод 10 години од основањето на Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ). (МАНУ/09:00) 

Скопје – Промоција на новиот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ во организација на невладината организација СмартАп - Лабораторија за социјални иновации.

Скопје – Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) организира Challenge day.

Скопје – „Црна Мачка Продукција“ ќе го означи почетокот на снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантско долгометражно остварување на Косара Митиќ. (плоштад пред Музејот на Македонија/ 11:30)

Скопје - Прес-конференција за професионалниот кик бокс настан „WAKO PRO – AFN 9 во организација на Кикбокс Маита и федерација на Македонија. (МОК, конференциска сала/14:00)

Скопје – Промоција на стихозбирката „Свилени времиња“ од Марина Мијаковска. (книжарница „Матица ексклузив“/19:00)

Скопје – Отворање на изложбата ,,Цртеж, Експериментален цртеж" во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. (Куќа на Борко Лазески/20:00)

Охрид – ПЕРИФЕРИИ - Групна изложба/уметничка резиденција во рамките на проектот ПРОСПЕР. (Центар за култура Григор Прличев/18:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Дрвото на животот“ на  Панче Ѓорѓиев. (ул. „Максим Горки“ бр. 19/19:00) 

Скопје – Концерт насловен „Божествен“ на Македонската филхармонија. (Македонска филхармонија/20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан