• петок, 22 ноември 2024

Зголемена потрошувачката на вода, ЈП Водовод и канализација - Скопје апелира за рационално користење на водата

Зголемена потрошувачката на вода, ЈП Водовод и канализација - Скопје апелира за рационално користење на водата

Скопје, 21 јули 2024 (МИА) - Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи
температури.

Податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје покажуваат зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340 000 метри кубни вода, што е за 30 проценти зголемување во однос на зимскиот период.

Се препорачува рационално да се користи и употребува водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

- Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени и сл. што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот, како што е на пример Припор и Сопиште каде во текот на последните неколку денови е забележана енормна
потрошувачка на вода, која доколку не се рационализира може да доведе и до прекини во водоснабдувањето, стои во апелот од Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје.  цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан