• четврток, 28 март 2024

Од Гостиварско за Турција испратени над 100 илјади евра и два камиони со хуманитарна помош

Од Гостиварско за Турција испратени над 100 илјади евра и два камиони со хуманитарна помош

Гостивар, 16 февруари 2023 (МИА) - Во неколку акции организирани во гостиварскиот регион за помош на настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија, прибрани се над сто илјади евра и поголема количина ќебиња, облека и хигиенски средства. Значајни средства обезбеди и гостиварското муфтиство, а голем придонес имаа и иницијативите на млади кои прибираа поголеми суми и донации.

Иницијаторите на најобемната акција и кампања за прибирање хуманитарна помош која започна на 7. и заврши на 12 февруари ги објавија резултатите од, како што рекоа, изразот на солидарност.

  • За време на кампањата бевме длабоко трогнати од моралната и материјалната поддршка на нашите браќа Албанци, Македонци и Роми помошта на средношколците кои ја зајакнаа нашата солидарност, на што срдечно им благодариме, рече во обраќањето до јавноста, Садам Хусеин претставник на групата иницијатори.

Прибраните материјални средства: ќебиња, зимски чизми, капути, хигиенски материјали, детска облека и храна кои беа натоварени на камион со две приколки му се предадени на гувернерот на округот Ипсала и полицискиот оддел во Ипсала.

Во кутиите за донирање пари се собрани речиси 20 илјади евра (1.199.860 денари) се уплатени преку Здружението за солидарност и развој на Турците Гостивар на сметки на АФАД (Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби на Турција)

Од објавите по социјалните мрежи потврдено е прибирање на поголема сума на пари преку институции и здруженија. Од гостиварското муфтиство потврдија дека изминативе денови, во хуманитарната акција која ја организирале собрани се речиси 56 илјади евра (55.936) група младинци од соседната општина Врапчиште над 20 илјади евра.

Имаше и три акции со лични донации во околните населби каде се средува документацијата, но првично станува збор за близу 30 илјади евра.

Во Гостивар и соседната општина Врапчиште живее најбројната турска заедница во Северна Македонија и во изминатиов период беа остварени значајни соработки и изградени пријателски односи. згм/цр

 

Остани поврзан