• сабота, 18 мај 2024

Норвешка ќе го продолжи присуството на силите на НАТО во Летонија до 2024 година

Норвешка ќе го продолжи присуството на силите на НАТО во Летонија до 2024 година

Осло, 10 јули 2023 (МИА) – Мандатот на норвешките сили во мултинационалниот воен контингент на НАТО во Летонија ќе биде продолжен до 2024 година, соопшти норвешката Влада.

На Самитот на НАТО во Варшава во 2016 година, земјите-членки се согласија да распоредат свои единици на североисток и југоисток од Алијансата како одговор на зголемената нестабилност на источното крило на НАТО. Иницијативата стана позната како „Засилено присуство напред“.

Во моментов во Летонија има околу 150 норвешки воен персонал.

Претходно, летонскиот премиер Кришанис Каринш на заедничката прес-конференција со неговиот канадски колега Џастин Трудо соопшти дека Летонија и Канада потпишаа Договор за зголемување на одбранбените баталјони во балтичкиот регион.

Трудо истакна во Летонија ќе бидат распоредени дополнителни 1.200 канадски војници. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан