Нов Зеланд ја победи Норвешка на отворањето на женскиот фудбалски Мундијал
- Репрезентацијата ко-домаќин на женското Светско фудбалско првенство, Нов Зеланд, претпладнево пред околу 42 илјади гледачи ја совлада селекцијата на Норвешка со 1:0.
![Нов Зеланд ја победи Норвешка на отворањето на женскиот фудбалски Мундијал](https://mia.mk/images/20230720111530_big_730x400_15.webp )
Оукленд, 20 јули 2023 (МИА) – Репрезентацијата ко-домаќин на женското Светско фудбалско првенство, Нов Зеланд, претпладнево пред околу 42 илјади гледачи ја совлада селекцијата на Норвешка со 1:0.
Победничкиот гол којшто донесе голема радост за домашните навивачи на „Еден парк“ во Оукленд го постигна Хана Вилкинсон во 48. минута.
Ова беше прв натпревар на Мундијалот во Нов Зеланд и Норвешка и прв од првото коло во А-групата во која се и репрезентациите на Швајцарија и на Филипини.
Точно напладне (12 часот) по македонско време ќе стартува дуелот Австралија – Ирска. Овој натпревар ќе се игра во Сиднеј. зс/
Фото: ЕПА