• четврток, 18 јули 2024

ЕВРО2024: Рудигер неизвесен за осминафиналето

ЕВРО2024: Рудигер неизвесен за осминафиналето

 

Берлин, 24 јуни 2024 (МИА) – Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер го истегна мускулот на десната нога на последниот натпревар од групата А против Швајцарија и е под знак прашалник за осминафиналето на ЕВРО2024, објави денеска германската фудбалска Федерација.

Антонио Рудигер одигра 90 минути на натпреварот против Швајцарија, а Германија со ремито 1-1 го обезбеди првото место во групата и в сабота на 29 јуни од 21 часот ќе го игра осминафиналето во Дортмунд.

Противник на Германија во битката за пласман во четвртфиналето ќе биде второпласираната репрезентација во групата Ц, во која се Англија (4 бодови), Словенија (2), Данска (2) и Србија (1).

Натпреварите од завршното трето коло во групата Ц се закажани за вторник со почеток од 21 часот меѓу Англија и Словенија во Келн и Данска – Србија во Минхен. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан