• вторник, 25 јуни 2024

Варга успешно опериран

Варга успешно опериран

 

Париз, 24 јуни 2024 (МИА) – Успешно е опериран унгарскиот фудбалски репрезентативец Барнабас Варга, кој беше тешко повреден на Европското првенство во Германија, објави вечерва францускиот весник Л’Екип, повикувајќи се на информации во унгарските медиуми.

Во 70. минута од натпреварот меѓу Унгарија и Шкотска (1-0), Варга се струполи на тревникот по жестокиот дуел со ривалскиот голман Ган и остана да лежи неподвижен. Варга доби силен удар во главата и се здоби со фрактура на коската на лицето на неколку места.

Брзо му беше укажана помош и веднаш беше префрлен во болница во Штутгарт, каде денеска е опериран.

Францускиот весник наведе дека операцијата била успешна и Варга веќе в среда би можел да ја напушти болницата. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан