Меси го надмина Пеле по број на голови од слободни удари
- Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси, се искачи на второто место по број на постигнати голови од слободни удари во кариерата.
Њујорк, 23 март 2026 (МИА) - Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси, се искачи на второто место по број на постигнати голови од слободни удари во кариерата.
Триесет и осумгодишниот Аргентинец вчеравечер постигна гол од слободен удар во гостинскиот натпревар со Њујорк сити во регуларниот дел од МЛС-лигата.
Меси сега има 71 гол од слободни удари во кариерата. Овој резултат го става пред легендарниот Бразилец Пеле (70 голови од слободни удари).
Рекордер е поранешниот бразилски репрезентативец Жунињо Пернамбукано со 77 голови од слободни удари. зс/
Фото: ЕПА