• четврток, 26 март 2026

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора

Белград, 23 март 2026 (МИА) - Во Белград денес ќе се одржи состанок на Ракометната федерација на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометната федерација на Црна Гора. Трите држави се потписнички на меѓународен договор за соработка во спортот. Доколку се постигне договор, заедничко натпреварување во ракометна лига би започнало во септември. 

Планирано е лигата да има10 клубови – четири српски, четири македонски и два од Црна Гора.

Србија би ја претставувале полуфиналистите од плејофот, а тие се познати три кола пред крајот на лигашкиот дел од лигата АРКУС: Партизан, Војводина, Динамо од Панчево и Дубочица.

Од нашата држава би учествувале екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид, а од Црна Гора, Ловќен и Будванска ривиера.

Учесниците во ракометната лига нема да го играат лигашкиот дел од националните првенства, туку ќе учествуваат во плејофот.

Во секој случај, најдобрите клубови би добиле посилна и подобра конкуренција, што би им помогнало што е можно поподготвени да се соочат со предизвиците во европските купови. 

Белградски медиуми јавија дека се разгледуваат планови и за формирање женска ракометна лига во која сите поранешни југословенски републики би имале по два клуба. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан