• среда, 17 јули 2024

Ѓорческа стартува на Вимблдон против Викери

Ѓорческа стартува на Вимблдон против Викери


Лондон, 24 јуни 2024 (МИА) – Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре го игра дуелот од првото коло од квалификациите на Вимблдон против Американката Саша Викери, која е рангирана како 29-та носителка во квалификациите.
Ривалката на Ѓорческа има 29-години и се наоѓа на 138. то место на ВТА листата, а на Вимблдон има две учества на „главниот турнир“ – 2018 година дојде до второто коло, а ова ќе и биде осмо учество во квалификациите.
За Ѓорческа ова ќе биде втор настап во квалификациите на Вимблдон (првиот го имаше во 2017), a оваа година досега настапи и на првите два Грен слем турнири – Австралија опен и Ролан Гарос.
Мечот меѓу Ѓорческа и Викери се игра на теренот број 9 и е прв на програмата, а почетокот е во 12 по македонско време. ег ФОТО: МИА

 

Остани поврзан