• сабота, 18 мај 2024

Новоизбраниот индонезиски претседател, Субианто во посета на Пекинг

Новоизбраниот индонезиски претседател, Субианто во посета на Пекинг

Пекинг, 1 април 2024 (МИА) - Новоизбраниот индонезиски претседател Прабово Субианто е во посета на Пекинг, каде се очекува да се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг.

Посетата на Пекинг е на покана на неговиот кинески колега, нешто повеќе од два месеци откако Прабово победи во трката за претседател на најголемата економија во Југоисточна Азија.

Двајцата лидери ќе разговараат за односите меѓу двете земји и покрај тоа што 72-годишниот политички ветеран ќе положи претседателска заклетва како нов шеф на државата на Индонезија дури во октомври.

Кина е првата странска земја што Прабово ја посетува како новоизбран претседател. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан