• четврток, 20 јуни 2024

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Киев, 18 мај 2024 (МИА) – По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан