• понеделник, 23 декември 2024

Украина бара од Хонг Конг да не дозволи Русија да ги заобиколи санкциите

Украина бара од Хонг Конг да не дозволи Русија да ги заобиколи санкциите

Киев, 25 јули 2024 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска го посети Хонг Конг и го повика неговиот лидер Џон Ли да ја спречи Русија да го користи Хонг Конг како начин да ги заобиколи западните санкции што и беа наметнати поради војната во Украина.

Владата на Соединетите Американски Држави ги гледа Хонг Конг и Кина како клучни патишта за Русија да набави опрема за својата војска.

Кина се позиционира како неутрална по прашањето за војната во Украина, но неколку дена пред почетокот на војната објави дека „нема ограничувања“ во односите со Русија. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан