• недела, 22 декември 2024

Остатоци од руски дронови од Украина во Романија

Остатоци од руски дронови од Украина во Романија

Букурешт, 25 јули 2024 (МИА) - Остатоци за кои се верува дека се од руски дрон паднале во рурална област на Романија, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Тоа е последниот случај на пад на дронови од војната во соседна Украина на почвата на таа членка на НАТО.

Од почетокот на војната во февруари 2022 година, Романија во неколку наврати пронашла остатоци од дрон на своја територија.

„Последните остатоци од руско беспилотно летало се пронајдени по руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура во близина на границата со Романија“, соопшти романското Министерство.

Во соопштението се наведува дека остатоците биле откриени од тим експерти во ненаселена област во близина на селото Плауру во округот Тулче, кое го дели реката Дунав од украинското пристаниште Измаил.

Во текот на изминатите две ноќи, Русија изврши напади врз „цивилни цели и пристанишна инфраструктура“ во Украина, се додава во соопштението. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан