Николоски: Македонецот е национално погазен, економијата тоне, а корупцијата цвета
- СООПШТЕНИЕ: „Многу работи се случуваат, знам дека вие пратите одите во своите родни места се среќавате со пријателите ние се среќаваме со вас и кога ќе дојдете во Македонија она што практично е ваша грижа овде е грижа и наша во Македонија. Ако треба во една реченица да се опише што се случува во Македонија, тоа е дека Македонецот е национално погазен, економијата тоне, а корупцијата цвета, тоа е наједноставната дефиниција што во моментов и се случува на Македонија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета во Тринген Швајцарија.
4 февруари 2024
„Многу работи се случуваат, знам дека вие пратите одите во своите родни места се среќавате со пријателите ние се среќаваме со вас и кога ќе дојдете во Македонија она што практично е ваша грижа овде е грижа и наша во Македонија. Ако треба во една реченица да се опише што се случува во Македонија, тоа е дека Македонецот е национално погазен, економијата тоне, а корупцијата цвета, тоа е наједноставната дефиниција што во моментов и се случува на Македонија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета во Тринген Швајцарија.
Тој продолжи и додаде дека изминативе 6-7 години покажале дека не треба многу време за нешто да се уништи.
„,СДС и ДУИ овие 6-7 години покажаа дека не треба многу време за да се уништи нешто што генерации го создавале, овие 6-7 години покажаа дека пеколна борба може да се уништи за 6-7 години доколку нема јасно национално единство и доколку нема политичка структура која има јасно национално чувство, кажа Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ