• четврток, 16 мај 2024

Ковачки: Со Платформата 1198 се обврзуваме на 1 милион евра за проекти во Зрновци

Ковачки: Со Платформата 1198 се обврзуваме на 1 милион евра за проекти во Зрновци

Скопје, 30 април 2024 

Почитувани,

И покрај опструкциите од централната власт со која се соочува нашиот градоначалник во општина Зрновци, продолжуваат да се реализираат проектите.

Со Платформата 1198 за општините предвидуваме 250 милиони евра од кои 1 милион ќе се слеат директно во општината Зрновци за нов зелен пазар, за изградба на брана на Морошка река. И секако изградба на резервоарот кај Видовиште.

Почитувани граѓани,

После промената на власта следува инвестициски бум во општините. Затоа ве повикувам сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројо 2 за промени и реформи во Република Македонија.

Со почит,

изјава на Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан