• понеделник, 04 ноември 2024

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, денеска остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје од 2024 година, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, делегацијата од МБР била информирана за редовно функционирање на локалните штабови во рамки на Оперативниот Штаб на МВР. 

Во соопштението се додава дека во однос на резултатите на овие организациски единици, безбедносната состојба е стабилна и поволна, а за одбележување се расветлените кривични дела кражба на електрична енергија.

-Во Полициското одделение Матејче имаме вкупно 20 кривични дела, од кои 17 се за кражба на електрична енергија, додека во Полициското одделение Арачиново регистрирани се 21 кривично дело кражба на електрична енергија. Во однос на Полициско Одделение Шуто Оризари, за одбележување се 13 пријавени настани за нарушување на јавен ред и мир, од кои сите се расчистени со поднесени прекршочни пријави. Воедно, имаме 35 кривични дела по службена должност, од кои 6 се расчистени од ЕВР Чаир, се вели во соопштението од МВР. 

Бојмацалиев на средбите уште еднаш ја потврдил заложбата за организирање европски избори и на колегите им ја потенцирал важноста од работење исклучиво по закон, а со цел гарантирање на безбедноста на изборните процеси. сст/са/

Фото: МВР

Остани поврзан