• недела, 12 мај 2024

Низа активности по повод Светската недела на детето во Делчево

Низа активности по повод Светската недела на детето во Делчево

Делчево, 6 октомври 2023 (МИА) - Со низа активности во просториите на Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево, одбележана Неделата на детето. По тој повод ученици изработуваа ѕидни весници додека во двете деветолетки „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ беше организирана пригодна програма по повод денешниот датум.

-Во нашата библиотека, учениците со нивните наставнички, изработија ѕидни весници, на кои пишуваа и црткаа во чест на Неделата на детето и истите ги донесоа во библиотеката. Овие нивни прекрасни творби од понеделник ќе бидат изложени на влезот од библиотеката до 10 октомври и сите наши сограѓани во секое време можат да дојдат да ги видат во наредните неколку дена, истакнаа од ЈЛБ ,,Илинден".

Во рамки на пригодната програма во дворот на деветолетките „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ околу 100 првачиња се зачленија во Детската организација.

-Неделата на детето e недела кога интензивно се зборува за правата на децата и овие денови нека бидат поттик за посериозно и попосветено продолжување со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата. Вложувањето во децата е вложување во иднината, тие имаат право да живеат во демократски хумано општество, да се воспитуваат и да учат со цел да се надоградуваат и добро да се подготват за предизвиците во животот, беше истакнато во пригодниот говор по повод денешните активности од одбележувањето на Неделата на детето.

Среќно и безгрижно детство на најмалите по повод значајниот датум на сите ученици им посака и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски. вс/ ра/

Фото: МИА

Остани поврзан