Некој од најкрупните грешки во родителското воспитување
- Важно: Секое дете има свој пат и свој уникатен начин на развој, па треба да се третира соодветно на тоа.
Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Да се биде родител честопати е сложена улога. Како родител, секој сака да даде сѐ од себе, но неизбежно е, во одреден миг, и да се погреши некаде.
Без разлика дали ненамерно правите премногу строг распоред за своите деца или не им давате доволно простор и време за нивните игри и хобија, сѐ тоа може да биде предизвик за родителите во справувањето со пречките на патешествието наречено родителство. Така, не постојат совршени родители, но некои грешки може да се избегнат, а има и битни, витални работи за коишто возрасниот треба да биде свесен, пишува порталот „Кликс“.
Постојат многу вообичаени погрешни чекори што повеќето родители ќе ги направат од време навреме, но сѐ тоа може и да се избегне. Следат дел од тие грешки во воспитувањето.
Претерано заштитништво и ограничување на можностите на детето
Воообичаено, детето е љубопитно суштество по природа. Постојано истражува и бара начини да го разбере светот околу нив. Како родители, природна е потребата да ги заштитиме децата во секое време. Но, не треба да ги ограничуваме нивните можности за учење и истражување на светот околу нив. Најдобар начин децата да учат е да ја истражуваат околината и сами да собираат нови информации.
Совет: Во ред е да му се дозволи на секое дете да добие повремени мали гребнатини и модринки коишто доаѓаат со учењето нови работи или некој прв потежок обид за нешто ново.
Споредување со другите деца
Кога се споредува своето дете со другите, тоа може да има штетно влијание врз личноста во развој, особено кога се работи за негативна споредба. Ова може да ѝ наштети на неговата самодоверба и да предизвика социјални проблеми коишто потоа влечат последици во текот на цел живот на детето.
„Совршеното“ дете
Многу родители се обидуваат да одгледаат „совршено“ дете. Родителите-перфекционисти поставуваат премногу строги правила, ги принудуваат своите деца да се однесуваат според нереални начела и никогаш не ја намалуваат својата строгост ниту една секунда. Но, обично, таквите деца потоа секако не се совршени, туку - препотентни, надмени и себични луѓе.
Нереални очекувања
Децата се развиваат со свое темпо. Токму затоа, родителите мора да ги усогласат своите очекувања со она што нивните деца можат да го постигнат.
Важно: Секое дете има свој пат и свој уникатен начин на развој, па треба да се третира соодветно на тоа.
Непоставување граници
Правилата и границите се од суштинско значење кога станува збор за воспитување среќни, самоуверени и добро воспитани деца. Важно: Родителските правила не треба да ги ограничат децата да уживаат во своето детство.
Правилата и ограничувањата постојат за да ги поучат децата да разберат кое однесување е прифатливо и безбедно, а кое - не. си/рп/
Фото: Фрипик