• четврток, 30 јануари 2025

Гвинет Палтроу го продаде својот дом во Лос Анџелес за 22 милиони долари

Гвинет Палтроу го продаде својот дом во Лос Анџелес за 22 милиони долари

Лос Анџелес, 30 јануари 2025 (МИА) - Американската глумица Гвинет Палтроу неодамна го продала својот дом од 8.000 квадратни метри во Лос Анџелес за 22 милиони долари, објави „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal).

Резиденцијата првично понудена за 29,99 милиони американски долари во мај, пет месеци подоцна е намалена на 24,9 милиони долари пред „оскаровката“ да ја прифати последната понуда. Таа, инаку, го купила домот за 9,95 милиони долари во 2012 година, со поранешниот сопруг и пејач на „Колдплеј“, Крис Мартин. Дизајниран од Виндзор Смит, овој имот ја спојува елеганцијата со модерен комфор, високи тавани и мирна атмосфера насекаде. Имотот нуди доволно приватност и луксуз, дополнети со базен и прекрасно уреден двор, пишува „Рич анд фабулос“ (Rich & Fabulous).

Изградена 1950-тите, во Брентвуд кај Кањонот Мандевил, куќата има шест спални соби и голема кујна, додека гостинската куќа со една спална соба има сопствена вежбалница, канцеларија, винарска визба и соба за рекреација. Реновирана е во 2009 година.

Претставничката на Леа Портер претходно изјави дека холивудската глумица „сака да го намали бројот на своите вработени кога нејзината ќерка Епл (20) и синот Мозес (18) (од бракот со Мартин) - пораснаа“.

Според наводите, актерката и нејзиниот сегашен сопруг Бред Фалчук, со кого се омажи во 2018 година, го минуваат времето во својот дом во блиското Монтесито, Калифорнија, како и во Њујорк.  си/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан