• среда, 29 јануари 2025

Луксембург ја избра претставничката на „Евровизија“, веќе е фаворит

Луксембург ја избра претставничката на „Евровизија“, веќе е фаворит

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Луксембург ја избра својата претставничка на „Евровизија“, а таа е веќе фаворит меѓу фановите на големиот музички натпревар.

Лаура Торн со песната „La poupée monte le son“ победи на „Луксембург сонг контест“ и ќе ја претставува државата во мај во Базел, Швајцарија.

Луксембург по 31 година во 2024 ѝ се врати на „Евровизија“. Сега во мај, Торн ќе го претставува Луксембург во втората полуфинална вечер, на 15 мај.

На 13 мај ќе се борат за финале – Естонија, Исланд, Полска, Португалија, Словенија, Шведска, Украина, Албанија, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Холандија, Норвешка и Сан Марино.

На 15 мај, покрај Луксембург, ќе настапат и Ерменија, Австралија, Австрија, Грција, Ирска, Летонија, Литванија, Црна Гора, Чешка, Данска, Финска, Грузија, Израел, Малта и Србија.

Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и земјата што победи лани, Швајцарија, имаат обезбедено место во финалето, што треба да се одржи на 17 мај. бд/са/

Фото: „Јутјуб“-канал на „Евровизија“ / Принтскрин

 

Остани поврзан