• понеделник, 23 декември 2024

Превентивни активности на полицијата со младите од Охрид и околината

Превентивни активности на полицијата со младите од Охрид и околината

Охрид, 23 ноември 2024 (МИА) – „Булингот и сајбер-булингот“, како облици на насилство и агресивно однесување помеѓу младите беа теми на едукативните работилници што Секторот за внатрешни работи од Охрид изминатите неколку дена го спроведе со младите од неколку основни училишта на подрачјето на Охрид, како и на работната средба со Локалниот совет за превенција од детско престапништво.

Полициските службеници низ интерактивна комуникација со учениците ги објаснуваа формите на овие асоцијални и девијантни појави што сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите, како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите.

Изминатите четири дена СВР – Охрид во соработка со Општинската организација на Црвениот крст со околу 400 ученици во средношколскиот центар „Св.Наум Охридски“ од Охрид, го спроведоа и превентивниот проект „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“.

Целта на превентивно-едукативната активност, е информирање на младите за штетноста по здравјето од користење наркотици, како и другите негативни влијанија на дрогата врз развојот на младата личност. аб/бак/

Фото: СВР - Охрид

Остани поврзан