• петок, 05 декември 2025

Министерката Јаневска на отворањето на Јуниорска балканска математичка олимпијада во Струга

Министерката Јаневска на отворањето на Јуниорска балканска математичка олимпијада во Струга

Струга, 25 јуни 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ја отвори 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада што од денеска до 28 јуни се одржува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Таа на учесниците им посака успех, пријатен престој, многу нои пријателства и успех во решавањето на задачите.

„Вие сте богатството на земјите кои ги претставувате. На вас се потпира добрата иднина, а вашите семејства и професори, имаат огромна заслуга за тоа. Ние - институциите и креаторите на политики сме тука, за да ја обезбедиме сета поддршка која ќе овозможи реализација на вашиот полн потенцијал“, рече Јаневска.

На натпреваруавњето што се одржува во организација на Сојузот на математичари на Македонија, учествуваат надарени ученици во областа на возраст до 15 и пол години од државите од Југоисточна Европа, а согласно правилата на Меѓународната математичка организација на Југоисточна Европа, дозволено е учество на гостински национални репрезентации и од земји што не членуваат во организацијата.

Јуниорската балканска математичка олимпијада во Македонија се одржува третпат, по натпреварите во 2000 и 2014 година.

Настанот за првпат се одржува со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. аб/сст/

фото МОН

 

Остани поврзан