• среда, 15 април 2026

Превентивни работилници од СВР Битола за основците и средношколците

Превентивни работилници од СВР Битола за основците и средношколците

Битола, 23 март 2026 (МИА) - Претставници на СВР Битола продолжија со континуирани работилници за учениците од основните и средни училишта на подрачјето на Битола.

Од СВР Битола инфомираат дека застапени се повеќе теми за  „Заштита од дрога и психотропни супстанции", „Врсничко насилство" , „Сајбер насилство" како и безбеден сообраќај, а со гимназијалците од Битола се одржа работилница на тема „Употреба на психоактивни супстанции, компјутерски криминал и заштита и  безбедност од нив“.

Целта на ова едукативно обраќање е да се поттикне поголема информираност и превентивна свест кај учениците, родителите и образовната заедница за ризиците што произлегуваат од злоупотребата на психоактивни супстанци, како и од современите форми на дигитален и компјутерски криминал, потврдија за МИА од СВР Битола.мт/

Фото: СВР Битола

Остани поврзан